Како да се подобри продуктивноста на млечните производи Дел 1

Како да се подобри продуктивноста без да се компромитира квалитетот на млечните производи? – Дел 1

Зголемени трошоци и пораст на цените – производителите имаат предизвик да добијат подобри резултати

Зголемените трошоци поради недостигот на суровини, како и зголемената глобална инфлација, до проектираните 8,8% во 2022 година, во споредба со 4,7% во 20211 година се причина за растот на трошоците за водење бизнис. Во рамките на млечната индустрија, производството на млеко на глобално ниво е намалено за околу 0.7 % во 2022 година. Годишниот раст на платите не кореспондира со инфлацијата во многу земји2, оневозможнувајќи им  на потрошувачите да си дозволат да ги плаќаат зголемените цени на неопходните производи. Овие трендови вршат огромен притисок врз производителите и врз цената на производите, притиснати од понудата и побарувачката.

Подобрена продуктивност без компромис за вкусот, текстурата и квалитет

Намалувањето на трошоците често има своја цена, каде што промените во производниот процес може да влијаат врз квалитетот, коешто е клучно за обезбедување лојалност од потрошувачите.

Кога станува збор за млечните производи, потрошувачите постојано даваат до знаење  дека „одличниот вкус“ е клучен за нивната лојалност кон брендот, нагласувајќи им на производителите за одржување на вкусот при било какви промени или наметнување мерки за намалување на трошоците.

Оптимизирањето на продуктивноста не мора да влијае на квалитетот според искуството на потрошувачите. Производителите можат да ги изберат најдобрите култури и ензими за производство и да ги комбинираат со идеални технологии и процеси за заштеда на трошоците и одржување на одличниот квалитет на финалните производи кои се очекувани од страна на потрошувачите. Работејќи со овие природни процеси, производителите можат да ја искористат моќта на природата за подобри резултати и да ја задржат својата продуктивност.

Подобрена ефикасност  со одржување супериорен квалитет

Врз квалитетот на крајниот роизвод може да влијаат голем број варијабли.

Кај млечните производи, може да биде содржина на масти и протеини во даден производ, како и употреба на згуснувачи, култури и ензими кои имитираат природни процеси на начин што им овозможува на производителите да ги контролираат резултатите.

Модификација на производниот процес може да биде  моќна алатка за подобрување на продуктивноста, а притоа процесот на ферментација, зреење, созревање и стврднување се оптимизирани за ефикасност.

Со избор на култура која ја забрзува ферментацијата, на пример, производителот може да го зголеми капацитетот на погонот и да ги намали оперативните трошоци. Кога станува збор за производство на јогурт, преминување кон култури со брза ферментација, како што е на пример YoFlex™ Express, може да им помогне за заштеда на време и да го зголемат капацитетот на погонот (ова е особено точно за киселите млека).

Следуваат неколку избрани примери каде Chr. Hansen соработува со производителите на јогурт и сирење за да ја максимизираат нивната продуктивност, овозможувајќи им да ги намалат трошоците и да ги зголемат добивките.

Случај со потрошувачи:јогурт

Намалувањето на протеините за 0,3% во погонот која произведува 5.000 тони јогурт годишно му овозможува на производителот да заштеди 150.000 долари годишно, или приближно 38 долари по тон произведен јогурт.*

Бидејќи намалувањето на содржината на протеини може да влијае врз намалување на текстурата, водење производство со култура со висока текстура може да направи голема разлика во производ со врвен квалитет.  The Perfect PartnerTM решенијата на Chr. Hansen вклучуваат култури кои помагаат да се зголеми производството на егзополисахариди („ЕПС“), компензирајќи ја намалената сува маса.

Во комбинација со модификација на рецептурата, овие промени може да им помогнат на производителите да ги намалат трошоците и да ја подобрат ефикасноста и одржливоста на производство, сето тоа без правење компромис за квалитетот.

*Проценките на приходите од случајот со клиентите се засноваат на просечни влезни трошоци, формулации и калкулации на Chr. Hansen.

1 https://www.imf.org/en/Publications/WEO/Issues/2022/10/11/world-economic-outlook-october-2022#:~:text=Global%20inflation%20is%20forecast%20to,to%204.1%20percent%20by%202024.
2 https://www.oecd.org/employment-outlook/2022/