Модерните барања за храна се обврзани да бидат “здрав оброк”, а не очекуван тренд во денешницата. Потрошувачите не го поврзуваат повеќе концептот на “здрава храна” само со контрола на тежината.
“Здравата храна” станува синоним со концептот на благосостојба, ментално здравје и умерен начин на живот. Повеќето потрошувачи внимаваат што купуваат и внимателно ја проучуваат етикетата за присуство на непосакувани додатоци и хемиски состојки во производот.
Со други зборови, прехранбената индустрија мора да ги исполни потребите на потрошувачите за безбедни, здрави и вкусни производи од природно потекло со помалку вештачки додатоци. Сето тоа да е поврзано со одржување на долг рок на траење, стабилно производство и помал отпад. Ова е Новиот свет на Исхрана, што бара природни решенија кои и реално не се толку нови.
Многу векови веќе, човештвото го користи процесот на ферментација.
Ферментацијата е една од најстарите методи за преработка и зачувување на храна. Ферментација, како биолошки метод, помага за подобрување на хранливите и органолептичките својства на храната. Исто така, со правилен процес, придонесува и за подобрување на микрофлората со инхибиција на несаканите бактерии, со што се спречува расипување на храната. Денес, користењето на овој процес ја зголемува безбедноста на млечните, месните и други производи спремни за користење. Chr. Hansen ги нуди своите био-заштитни култури како сигурно решение за зачувување на квалитетот на производите.
Комбинацијата на култури со други состојки исто така влијае врз намалување на потенцијалните ризици во производство. А и усогласувањето со релевантни технолошки параметри може да го гарантира крајниот резултат на производот. Создавајќи дополнителна заштита за конкурентната микрофлора и нејзиното користење во производството на храна ќе обезбеди сузбивање на патогени и штетни бактерии, со што се гарантира квалитетот на крајниот производ.
Според истражувањето на Euromonitor International, од глобална точка на гледање, пазарот за луѓе со нетолеранција на храна, производите за подобрување и засилување на самото функционирање на телото, природните и органски производи треба да покажат долгорочен годишен раст од 5% до 2020 година во однос на малопродажба. Во исто време, производите кои се претставени како “Подобро за Тебе” (со намален состав на шеќери, соли и масти) – по стапка од 1%.
Барањата за намалување на шеќери, соли и масти во храната имаат одредени последици.
Овие промени се позитивни за човечкото здравје. Но, тие предизвикуваат зголемување на активноста на водата, на пример во некои млечни производи, каде може да предзвика раст на несакани бактерии. Исто така, трендот на природност ви овозможува да направите помек процес. Тој овозможува да се зачува посвеж изглед на производите поради инактивирање на штетните бактерии.
Биозаштита е потребна не само за млечната индустрија. Зборуваме и за производство на производи од месо, каде се води активна војна со патогени микроорганизми како Листерија. Се со цел да се засили безбедноста на суровите пушени производи – салами, шунка итн. за нивна употреба во производство на гореспоменатите производи.
Како секогаш, главниот концепт на користење биозаштитни култури е доминацијата на “добри” бактерии и контрола врз несаканата штетна микрофлора.