Потрошувачките трендови се движат кон поздрава и поодржлива храна, но и потребата за безбедни и висококвалитетни производи станува сè поважна. Обезбедувањето високо ниво на безбедност на храната и контрола на патогените е клучна одговорност на производителите на храна. Тие приоритет ставаат кон мерки што спречуваат присуство и раст на патогените во производите од месо за време на рокот на траење.
Сепак, и покрај строгите прописи и упатства, зоонозите како салмонелоза и листериоза продолжуваат да бидат главна грижа. Во 2021 година, ЕУ пријави 2.183 потврдени случаи на листериоза, што резултираше со 923 болнички третмани и 196 смртни случаи.1
Избраните култури можат да ја подобрат безбедноста и квалитетот на месото и производи алтернативни на месо
Употребата на избрани култури и процеси на ферментација се можен начин за борба против патогени и може да помогне да се подобри микробиолошката безбедност и квалитетот на месото и производите алтернативни на месо. Европската управа за безбедност на храната (EFSA) даде мислење за контролата на Listeria monocytogenes, споменувајќи ја важноста од користење на специјално избрани култури за храна со заштитни својства за да се справување на овие опасности во ЕУ.2
Применувајќи технологија за ферментација за потиснување раст на патогени микроорганизми може да се примени на различни видови производи. Примената на културите од палетата SafePro® може да го намали ризикот од размножување на патогени. Културата останува активна во текот на целиот циклус помагајќи му на производот да биде безбеден во текот на целиот рок на траење. Пример е виршли спакувани во вакуум. Примената на SafePro® пред вакуумирање може да го забави растот на несаканите микроорганизми, непријатните вкусови, лигавоста на производот и други дефекти.
Начин на дејствување
Од технолошка гледна точка, сите култури за храна ферментираат различна храна во која се користат. Но, кој е начинот на дејствување? За време на ферментацијата избраните култури ги користат хранливите материи, доминираат како популација и произведуваат органски метаболити како на пр. млечна киселина. Благодарение на ова доминантно однесување, тие ги отежнуваат условите за живот на другите микроорганизми, вклучувајќи ги и патогените кои тешко можат да растат.
Чувајте ги Вашите месни производи безбедни и свежи подолго време
Добрата производна и хигиенска пракса, правилниот избор на суровина, правилниот процес во комбинација со употребата на избрани култури одлучувачки придонесуваат за стабилни количини на производи и оптимална безбедност на производот. Со SafePro® културите, како први во стандардните рецептури, може да се одложи растот на несаканите микроорганизми и да им се направи производно-ефикасна, дополнителна пречка, за да се добијат одржливи и безбедни производи. Поради високата конкурентност на културите наспроти трулежните микркоорганизми, можно е храната да се одржува свежа подолго време, притоа обезбедувајќи постојан квалитет до крајот на рокот дури и можност за зголемен рок на траење.
Со внесување на микробиолошки решенија во производните процеси, производителите на храна можат да ја исполнат својата одговорност за создавање безбедни и висококвалитетни производи кои ги задоволуваат потребите и барањата на потрошувачите кои еволуираат.