Збогум, добар Грчки јогурт!

Збогум, добар Грчки јогурт!

Грчкиот јогурт, (попознат како Greek Yogurt), поломасен, кремав, протеински млечен производ ги “нападна” полиците на супермаркетите во САД. Зачудувачки, брзиот раст на омилениот доручек е олицетворение на успехот на Chobani – можеби најпознатиот бренд. Компанијата која започна со продажба на Грчкиот јогурт во 2007 година, ја забележа продажбата од 3 милиони долари до повеќе од 1.1 билиони долари во првите 5 години.

Денес, грчиот јогурт изнесува околу половина од продажбата на јогурт во САД. Тоа е извонредно земајќи во предвид дека пред една цела декада ова беше незначително.

Но, популарноста во американскиот свет на храна може да биде непостојана работа, а бизнисот на грчкиот јогурт го учи ова од прва рака.

“Несомнено е дека продажбите на Грчкиот јогурт значително почнаа да созреваат”, се вели во неодамнешната анализа на Packaged Facts. Тоа е индустриска истражувачка група, која размислува за она што може да биде следната голема иновација на јогурт.

Во овој контекст, зрелост, значи развивање – не подалеку од пошироката категорија на Грчки јогурт, но далеку од леб и путер. Едноставна храна, понекогаш оживувана со допир на нешто слатко. Ова не значи дека Американците се уште не го ставаат кремавиот јогурт во длабоки чинии…

Пакувањата на јогуртот на Chobani за еднократна употреба, се сеуште најсилната понуда во индустријата, а категоријата во целост се зголемува. Иако со скромни 5%, според податоците од Nielsen. Но производот кој ги измами стомаците на Американците е помалку нов и возбудлив како што беше порано. Пред само 3 години, растот на индустријата се зголеми за 60%.

“Старомодниот грчки јогурт дефинитивно ја губи својата позиција” вели Jared Koerten, постар аналитичар за храна на Euromonitor. “Тоа е нешто што го гледаме последните неколку години.”

Најчесто забавувањето е едноставно прашање на замор. Американците откако дознале и засакале нова храна, сега веќе го бараат следното нешто што го немаат.

“Многу брзо се заморуваме од работи овде во САД”, кажа Koerten. Тој потсети дека неодамна и замрзнатиот јогурт беше на врвот на светот за сладолед (сега се соочува со “заборав”).

Исто така, тоа е резултат и на преполн простор за доручек.

Порано едноставен оброк, центриран околу житни цереали, млеко и сок од портокал (благодарност и до маркетингот, во голем дел), појадокот сега доаѓа во многу разновидни форми. Грчкиот јогурт е основата на таквата промена, издигнувајќи се до небото, додека овесните јадења замираат.

Изборот при други опции им олесни на луѓето да пробаат нешто ново и потоа да се држат до него доколку им одговара. Најјасниот доказ може да се најде кај компаниите за брза храна, како што е Мекдоналдс. Таму продажбата е најмногу сендвичи со јајца а утринскиот оброк расте побрзо од било кој друг сегмент од денот. Рестораните во целост, всушност, уживаат во утрински “бум”, додека луѓето поретко излегуваат надвор за ручек и вечера.

“Добрата вест е дека се чини дека нема да има следна голема иновација”, кажа Koerten. “Просторот за појадок е многу заситен во овој момент, но сега не постои ништо што има потенцијал како што Грчкиот јогурт направи пред 10 години.”

Наместо да чекаат додека нешто ново се појавува на пазарот или да гледаат како нивниот основен производ ја губи својата магија, индустријата на Грчкиот јогурт работи за да се осигура дека ќе остане релевантна. Производителите ја приспособиле својата стратегија за да се фокусираат на иновациите. Обраќајки им се на реалноста на заморот на клиентите и на латентната можност за привлекување на Американците да ја јадат храната со протеини во друг дел од денот.

За некои компании, тоа значеше проширување на придонесот на вкусот (Yoplait – серија производи на Грчкиот јогурт која нуди уште дополнителни 16 подсерии на пр.) . За други, вклучување продажба  на помали порции со контролирани калории (пакувања со 100 калории се покажаа доста популарни) или удвојување на состојките поврзани со здравјето.

 

 

 

Извор https://www.washingtonpost.com/news/wonk/wp/2015/12/18/goodbye-good-old-greek-yogurt/

Оставете коментар

Your email address will not be published.