Секоја година, милиони луѓе низ светот страдаат од респираторни болести и настинки.1 Бактериите и останатите надворешни околности кои ги предизвикуваат...
Подобра храна, подобра иднина
За ВитаСтарт
ВитаСтарт ДОО е логистички партнер на Данската компанија Chr.Hansen A / S – светски лидер во производството на природни состојки за прехранбената индустрија – стартер култури за производство на јогурт и млечни производи, ензими за сирење, култури за месо, природни бои, култури за вино. Заедно со љубезната соработка од технолозите на Chr. Hansen во Македонија и покрај логистичките услуги, ние нудиме технолошка поддршка и помош директно до вашата компанија.
За Chr. Hansen:
Chr. Hansen е меѓународна биотехнолошка компанија која развива природни решенија за прехранбената, фармацевтската и земјоделската индустрија. Таа е основана во 1874 година и во моментов има над 3.000 вработени во повеќе од 32 земји. Компанијата се стреми да обезбеди иновативни, природни решенија кои придонесуваат за подобрување на храната, здравјето и продуктивноста за сите нас.
Chr. Hansen ја поседува една од најголемите збирки на бактерии во светот, со околу 30.000 видови. Оваа збирка ги истражува, одбира и ги подобрува бактериите за да ги задоволи специфичните барања за храна, исхрана, храна за животни и за заштита на растенијата.
Chr. Hansen развива и произведува природни бои за храна, пијалоци, кондиторски производи, сладоледи и многу повеќе. Боите потекнуваат од природни извори, како што се овошјето, зеленчукот, корените и семињата, а компанијата е светски лидер во техники на енкапсулација и стабилизација.
Сите производи на Chr. Hansen се базираат на силни компетенции во истражувањето и развојот, заедно со значајни технолошки инвестиции и блиски односи со клиентите.