Живееме здраво – културите на Chr. Hansen

Живееме здраво – културите на Chr. Hansen се идеални за градење јак бренд

Јогуртот се добива од млеко и здравствените придобивки од јогуртот се толку импресивни, па затоа оние кои се грижат за своето здравје задолжително го имаат на своето дневно мени.

Придобивка број 1: Обожавателите на јогуртот ќе ги искористат максималните придобивки од млекото

Тоа се сите протеини од животинско потекло (околу 9 грама по порција ) и неколку други нутриенти присутни во млечните производи, како калциум, калиум, магнезиум и витамини Б-2, Б-12.

Придобивка број 2: Јогуртот со активните култури му помага на нашиот дигестивен систем

Јогуртот со активни култури може да помогне во олеснување на одредени гастроинтестинални состојби, вклучувајќи:

  • Интолеранција на лактоза
  • Запек
  • Дијареа
  • Инфекција со H. pylori

Откријте ги Chr. Hansen-овите пробиотски култури (т.е. „за живот“) за здрав живот.

Придобивка број 3: Јогуртот може да помогне да се чувствувате посити

Некои студии покажуваат дека пиењето јогурт прави да се чувствувате сити подолго отколку да се напиете чаша млеко. Во зависност од видот на јогуртот кој го пиете, а популарните високопротеински јогурти содржат до 24 грама протеини по порција.

Со решенијата од Chr. Hansen може да направите вкусен високопротеински производ.

Придобивка број 4: Висока или ниска содржина на масти?

Во некои земји потрошувачите бараат јогурти со ниска масленост, а други пак мислат дека млечните масти се здрави. Откријте што можат да направат културите на Chr.Hansen за вашиот бренд и како да го создадете јогуртот кој го фаворизираат вашите потрошувачи.

Придобивка број 5: Намалена содржина на шеќер

Многу овошни јогурти содржат голема количина шеќер. Со ензимот лактаза на Chr. Hansen можете да создадете јогурт со зачуван сладок вкус и во исто време помала содржина на шеќер до 30%.

ПробиотициВисока содржина на протеиниБез лактоза
Палетата NU-TRISH® пробиотици за
разновидна храна и пијалоци,
како што се сокови, ферментирани млека,
производи на растителна основа.
Решенија на Chr. Hansen за добивање
вкусни млечни производи
со висока содржина на протеини.
Ензими на Chr. Hansen за производи
од млеко без лактоза

Контактирајте нè и откријте го вашето решение за здрави и вкусни производи. 

Chr. Hansen

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *