Ерата на добрите бактерии

Во последно време, свеста и знаењето за силата на добрите бактерии се зголемија.

Светот исто така го разбира влијанието што тие го имаат на некои од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат отфрлањето на храната, прекумерената употреба на антибиотици и потребата за поодржлив земјоделски сектор за да ја нахрани растечката популација. Притоа зачувувајќи ја нашата планета за идните генерации.  Постигнувајќи 145 години истражување во микробиологијата, Chr. Hansen е одлично позициониран за решавање на овие предизвици со воведување на разни иновации.

На пример цревното здравје и микроорганизмите беа жешка тема во последно време. Во научните списанија, нашите црева се нарекуваат “вториот мозок”. Нашите човечки микроби живеат во симбиотска врска со нашето тело. Ова зборува многу за комплексноста во оваа област.

Тоа што најногу ги изненади луѓето е фактот дека човечките клетки учествуваат со само 43% од вкупниот број клетки во нашето тело. Останатите се микроскопски колонисти. Имаме 1-2кг бактерии во и на нашето тело и 100 пати повеќе бактериски гени отколку човечки. Нашата интестинална здравствена состојба влијае на функционирањето на нашето тело на многу начини; како на пример за дигестија и апсорпција на храна и енергија. Исто така, 70% од од нашата имуносупресија и сензации се вршат од нашиот стомак.

Бактериите се, всушност, природен начин да им се помогне на луѓето, животните и растенијата да останат здрави.

Убавината во тоа е дека тие не се како антибиотиците. Ние не додаваме “надоврешни хемикалии” во нашите организми со посакувани и непосакувани нус појави. Ова се всушност терапии базирани на суплементи со корисни “исчезнати микроби” кои имаат за цел да го вратат балансот што е од витално значење за здравјето. Додека антибиотиците беа критичен здравствен инструмент од откривањето на пеницилинот во 1920-тите, отпорноста на антибиотиците сега не е само закана за здравјето на луѓето туку и за здравјето на животните.

Chr. Hansen направи стратешка определба на глобалните цели на ОН за здравје и благосостојба, обврзувајќи се да презентира 6 нови производи со документиран здравствен ефект до 2022 година.

Научниците веќе почнуваат подобро да ги разбираат ефектите на доброто цревно здравје и посветени сме да го водиме патот во разбирање колку всушност добрите бактерии од човечката микроба можат потенцијално да помогнат во подобрување на здравјето на човекот и животните со намалување на прекумерената употреба на антибиотици.

 

 

[1] imrovingfood.com

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *