Ајде да ги здружиме силите во името на одржливоста

Ајде да ги здружиме силите во името на одржливоста

Борба против отпадот од храна

Сите зборуваат за одржливост и многу потрошувачи ги превземаат работите во свои раце, активно барајќи начини да се намали отпадот од храна. 76% од потрошувачите во Европа веруваат дека имааат примарна одговорност за спречување на отпадот од храна. Но наоѓањето начини за одржливост не е така лесно за нив. Она што им е потребно на потрошувачите се насоки како да се постигне поодржлива потрошувачка на храна.

Денес, една третина од храна наменета за човекот е отфрлена. Тоа значи и дека повеќе од 800 милиони луѓе низ светот гладуваат секој ден. Зачувувајќи само 25% од оваа отфрлена храна би била доволна да ги нахрани овие 800 милиони луѓе кои страдаат од глад ширум светот.

Карактеризирани со голем обрт, слаби ланци на снабдување и релативно краток рок на траење на производите, потрошувачката на млечни производи во развиените пазари значително придонесува за глобалниот отпад и загуби на храна.

20% од сите млечни производи во ЕУ се исфрлаат. 80% од овој отпад е поврзан со рокот на траење на производот. На пример, 17% од целиот јогурт оди во отпад. Но со помош на биозаштитата, рокот на траење на јогуртот може да се продолжи до 10 дена. Притоа резултира со 30% помалку отпад од јогурт годишно.

“Еден од најефикасните начини за намалување на отпадот е да се подобри квалитетот на храната и рокот на траење. Chr. Hansen е посветен кон намалување на глобалниот отпад од храна, но не можеме тоа да го направиме сами. Среќни сме што имаме клиенти низ светот што се со нас на ова патување,” објаснува Peter Thoeysen, Директор,Млечни производи за биозаштита.

Продолжен рок на траење на природен начин

Како поддршка на стратегијата на Chr. Hansen за одржливост 2020 година, Chr. Hansen спроведе студија за потенцијалот на FreshQ да намалување на отпадот од храна и финансиски стимулации за сите засегнати страни во “value chain”. Резултатите покажаа дека намерата на клиентот за купување се зголемува кога ќе видат дека продолжениот рок на траење на производот на природен начин го намалува отпадот од храна. На потрошувачите исто така им се допаѓа фактот дека вкусот на производите е еднакво добар. И исто така дека тие може да заштедат пари од намалување на отпадот.

“Овозможувањето на потрошувачите да избегнат да го исфрлат јогуртот е скриена можност за производителите да се здружат со заинтересираните потрошувачи,” објаснува Thoeysen.

Биозаштитните култури на Chr. Hansen им помагаат на секторот за млечни производи да ја одржат свежината на производите како јогурт и сирење. Овие култури се посебно одбрани за нивната способност да ја забават деградацијата поврзана со загадувачи како квасци и мувли. Користејќи ги моќите на природата, имено добрите бактерии, да го продолжи рокот на траење, производителите на млечни производи може да го намалат отпадот од храна додека ја задоволуваат побарувачката на потрошувачите за чиста етикета.

Заштита на трговски марки

Биозаштитата не само што го продолжува рокот на траење, туку исто така помага и да се изгради и заштити брендот. Има конкурентна предност на производите и гради доверба помеѓу производителите на млечни производи, трговци и потрошувачи. Помага да се осигура кога производот ќе стигне до потрошувачот, вкусот и квалитетот се исти како што треба да бидат секој пат.

Chr. Hansen е посветен на подобрување на исхраната и здравјето. И тоа не само за оваа генерација, туку и за следните генерации користејќи ја моќта на добрите бактерии.

 

 

1 QBIS 2016. Impact Study by an independent consultancy QBIS commissioned by Chr. Hansen.

Анализите на влијанието врз отпадот од храна во Европа се заснова на претпоставка дека рокот на траење на вкупното производство на јогурт во ЕУќе биде продолжен во просек за 7 дена – конервативна проценка на потенцијалот на FreshQ®.

 

Оставете коментар

Your email address will not be published.