Винска биозаштита

Биозаштита е природен начин да се инхибираат микробиолошки загадувачи (квасец, мувла и бактерии).

Оваа биоконтрола не само што ви помага да ги спречите дефектите на вкусот, туку исто така ви помага да го изградите и заштитите вашиот бренд!

–      Биозаштита е уметност што, при користење на природни микробни култури за храна може да се спречат несаканите загадувачи. Нескани загадувачи како спречување на расипување храна или подобрување на безбедноста на храната.

–      Ферментацијата од културите за храна е позната од античките времиња како природен начин за зачувување на храната.

–      Ние ги користиме нашите супериорни познавања од микробиологијата за храна за да ги идентификуваме и да ги одбереме најдобрите “добри“ бактерии кои би се користеле за биозаштита.

–      Биозаштитата ја подобрува ефективноста на санитарната програма, но никогаш не е алтернатива на доброто чистење и хигиенското одржување на производството. 

Viniflora® културите се природни култури за храна, одбрани посебно за контрола на процесот на ферментација за зачувување на сортниот карактер на грозјето.

Viniflora® помага да се спречи растот на несаканата флора и да се заштити потенцијалот на вкусот на виното за време на неговото созревање. 

Viniflora ® културите можат да ви бидат од корист на три различни начини: 

Зачувајте ја чистата етикета без додавање на SO2 – или пак минимизирајте ја неговата употреба.

Ако го подобрите квалитетот и постојаноста на природен начин, можете да ја задржите вашата етикета чиста. Користете Viniflora® за да бидете сигурни дека вашите вина се ценети од колку што е можно повеќе луѓе. Притоа се намалува употребата на SO2 во виното исто така. 

Превземете контрола

Користете ги Viniflora® биозаштитните култури за да бидете сигурни дека нема да има променливост во процесот и да го задржите карактерот на виното, од гроздобер до гроздобер. 

Подобрете ја вашата крајна линија

Користете ги Viniflora® биозаштитните култури за да ви помогне да ја зголемите вашата профитабилност со тоа што ќе го добиете најдоброто од грозјето. 

За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте нас office@vitastart.mk, tel.: +389 2 256 22 95