Природни бои за сладолед

“Никогаш нема да добиете втора шанса за прв впечаток!”

Првото нешто што го исполнува окото кога набљудува храна е бојата. Бојата на сладоледот е еден од основните критериуми за избор. Бојата е впечаток од прва рака, поважно од вкусот, бидејќи вкусот не се доживува додека храната не е во устата.

Изгледот има клучна улога кога купувачот одбира храна.

Палетата на бои на Chr. Hansen ги обезбедува сите можни нијанси на природните бои. Притоа се мешаат и различни бои за да се задоволат специфичните потреби на клиентите. Меѓу решенијата што ги нудиме на нашите клиенти е полн спектар на нијанси на бои растворливи во вода и масло достапни во течна и / или прашкаста форма.

Природни бои за сладолед
Природни бои за сладолед

Производителите на сладолед, исто така, можат да изберат помеѓу природни бои или FruitMax®, храна што “бои” храна (екстракти) – последната генерација на решенија за боење кои се сосема природни и овозможуваат боење храна со храна.

Многу фактори треба да се земат во предвид при изборот на боја за употреба во сладолед. За да се добијат посакуваните бои, треба да се разгледаат техничките барања како pH, рецептот, обработката, видот на пакување.

Тимот на ВитаСтарт и експертите на Chr. Hansen ќе ви помогнат во одговарање на сите ваши прашања. 

За повеќе информации за производите од оваа категорија, ве молиме контактирајте не на office@vitastart.mk или на тел.: +389 2 256 22 95   

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *