Нова генерација на жолта и портокалова боја за пијалоци од Chr. Hansen

Проширувајќи ја постоечката палета од CapColors® и ColorFruit®, Chr. Hansen претставува четири нови решенија на бои за аплицирање во пијалоци. Со овие две нови портокалови и жолти решенија, Chr. Hansen сака да им понуди на производителите на пијалоци подобар избор кога се работи за боја, перформанси и трошок на патот кон природното решение.

“Во Chr. Hansen Natural Colors, наша цел е да им помогнеме на производителите на храна и пијалоци да ги исполнат зголемените барања за природни состојки во производите. Ова е точно и во категоријата за пијалоци која се соочува со посебни предизвици кога се работи за стабилност и перформанси.

Со нашата патентирана техника на енкапсулација, ние можеме да обезбедиме стабилни решенија на боја со висока отпорност на топлина и светлина,” објаснува Jakob Dalmose Rasmussen, Директор на Глобален Маркетинг за Chr. Hansen Natural Colors.

“Во исто време, нашето портфолио на различни решенија им дава избор на производителите да одлучат до кое ниво на природност сакаат нивниот бренд да оди,” додава Jakob.

Исполнување на потребите на пазарот за природните бои за пијалоци

“Во Chr. Hansen сме одлучни да останеме на прво место за иновации во пазарот за бои за пијалоци, обезбедувајќи ги најновите можности на природни бои. Затоа со задоволство ги презентираме овие нови две решенија. Тие се пример за тоа како ја користиме нашата иновативна технологија за да и служиме на индустријата за производство на пијалоци,” заклучува Jakob.

Двете нови CapColors® портокалови бои ја користат најновата екапсулирана технологија на Chr. Hansen за да ја подобрат функционалноста на природните бои во крајната апликација. Решенијата на CapColors® портокалови решенија бара крајната апликација да содржи мала количина на сок да ја стабилизира бојата и да обезбеди целосна јачина на бојата.

Двете нови транспарентни жолти Colorfruit® емулзии нудат разноврсни решенија на бои и во сокови и во други апликации. Оваа бистра транспарентна боја нуди силна природна алтернатива за боење како Тартразин или жолта боја како зајдисонце.

Уникатна технологија за подобра функционалност

Stine Kreutzmann, Менаџер за техничка индустрија во Chr. Hansen Natural Colors, работеше на развојот на овие две бои:

“Овие четири нови бои се во течна форма и се лесни за користење. Боите се со голема јачина, нудат разноврсни нијанси од длабоко портокалова до транспапарентно жолта. Сите производи се стабилни на топлина и светлина, и не создаваат “прстен” во крајната апликација. Како што знаеме, трошокот е секогаш важен параметар во производството на пијалоци. Поради тоа ние се стремевме да издејствуваме ефикасно решение без загрозување на квалитетот,” заклучува Stine.

 

 

[1] www.chr-hansen.com

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *